Мачките се прекрасни, но и комплицирани миленици

560

За мачките може да се каже дека се едни од најинтересните суштества на планетата. Поголем дел од времето се слатки, сонливи, заиграни и немирни. Но во одредени моменти умеат јасно да ви дадат до знаење дека не им е до шега и дека некои работи едноставно не ги толерираат.

Иако многу сопственици по цел ден сакаат да ги милуваат, стискаат, да ги заигруваат, на некои мачки не им се допаѓа тоа. Ова е листа на неколку работи што сопствениците ги прават, а мачките ги мразат.

Мачките мразат кога ги носите како бебе

Некои мачки сакаат кога лежат скутот на своите сопственици или кога сопственикот се враќа од работа да му се заплеткаат во нозете, да се галат.
Но поголемиот број мачки не сакаат кога ги носат како бебе. Овој потег прави да се чувствуваат несигурно и се вознемируваат затоа што се свртени со стомакот, што е нивна чувствителна зона.

Не сакаат да се фотографираат
Едноставно не сакаат кога нонстоп се под фотонадзор. Особено ако се користи блиц. Исто така се нервираат кога се мамат со храна или играчка само за да се бидат фотографирани.

Го мразат контактот со очите
Мачките комуницираат со очите. За нив контактот со очи значи воспоставување доминација. Ако први го тргнете погледот, вашата мачка ќе помисли дека има моќ. Ако го задржете предолго, ќе предизвика агресивно однесување. А ако трепка или намигнува, тоа е добар знак и покажува приврзаност.

Мразат кога им мјаукате
Мачките меѓусебно комуницираат преку говорот на телото, а мирисаат и мјаукаат само за да комуницираат со луѓето, но не сакаат кога луѓето им мјаукаат. Преку мјаукањето сакаат да привлечат внимание, без разлика дали за храна, вода, за играње, галење… Но кога луѓето мјаукаат, мачките се збунуваат.

Воопшто не претпочитаат облека
Ако се вбројувате во сопствениците што сакаат да го облекуваат својот миленик, немојте да се чудите ако миленикот ве мрази. Мачките не сакаат кога имаат нешто врз своето крзно. Облеката ги прави нервозни, им пречи во движењето и им оневозможува да се бањаат.

Не сакаат млеко
Поголемиот број мачки не ја поднесуваат лактозата во млекото. Фактот дека на мачките треба да им се дава млеко е мит.
Кога ќе им биде сервирано ,тие можеби ќе го испијат, дури и можеби ќе уживаат во него, но по 8-12 часа ќе добијат дијареја. Ако сакате да ѝ дадете млеко на мачката, подобро е да купите специјално млеко за мачки, за да не им предизвикувате проблеми.

Мачките не сакаат промени
Нов вид храна, патување во автомобил, преселување, нови непознати гости, одење на ветеринар, хранење од друга личност додека сте на одмор… Сите вакви или слични промени им се стресни на мачките. Идеално е да се избегнат сите можни промени или да се направат постепено, со време, за да се навикнат на новите ситуации.