Интересни факти за кучињата што треба да ги знае секој сопственик

1460

Многу сопственици на кучиња веројатно мислат дека чуле сè за кучињата. Ви откриваме неколку факти за најдобриот пријател на човекот што можеби досега не сте ги знаеле. Кучињата имаат чувство за време. Докажано е дека ја знаат разликата помеѓу еден час и пет часа. Вашето куче е паметно како двегодишно дете, поради што кучињата многу добро се согласуваат со децата на оваа возраст. Некои научни студии докажаа дека кучињата може да бидат љубоморни ако му покажувате љубов на друго суштество.

Салуки е најстарата раса на кучиња во светот. Тие се појавуваат во античките египетски гробници, и тоа во 2100 година пр. н.е. Кучињата што се кастрирани живеат подолго од оние што не се. Кучињата имаат 100.000 пати посилно сетило за мирис од луѓето, па затоа не е ни чудно што тие всушност можат да намирисаат страв. Кучињата може да бидат обучени за откривање карцином и други болести кај луѓето. Постојат околу 600 милиони кучиња во светот. Се проценува дека речиси 400 милиони од овие кучиња се скитници.

Научниците веруваат дека првото познато куче во светот живеело пред 31.700 години. Ова праисториско куче личело на голема сибирска хаска.