Здрава храна

Освен што има убава боја, што е вкусна, што има малку калории (една голема диња има 274 калории) и што изобилува со хранливи материи, дињата има и голем број здравствени придобивки. Содржи витамини како Ц, Б1, А, Б3, Б6 и К, влакна, фолати, бакар, магнезиум и калиум, како и други хранливи материи.
Антивоспалителни својства: кукурбитацините Б и Е имаат антивоспалителни својства што ги олеснуваат болката и симптомите што ги предизвикуваат воспалителните болести.
Го зајакнува имунитетот: ако барате истражувања за бета-каротинот, ќе откриете дека може да ја подобри работата на имунолошките клетки, но и да спречи болести како ракот.
Ги заштитува очите:дињата е полна со хранливи материи што ги заштитуваат очите – бета-каротин. Ако никогаш досега не сте чуле за последново, оваа хранлива материја е важен каротиноид што го апсорбира ретината. Таму, таа овозможува антиоксидантни и ИВ-филтерски функции.
Помага при слабеење: ако имате план за слабеење, тогаш додајте го ова неверојатно овошје. Содржи само 34 калории во 100 грама и има високо ниво на вода и хранливи материи.