Здрава храна

Стомачното масно ткиво може да предизвика низа здравствени компликации, како срцеви заболувања и дијабетес, доколку долго време не се презема ништо. Поради тоа, наведуваме неколку корисни совети.
Избегнувајте големи порции на ултрапреработена храна: таа е богата со шеќери, соли и масти, а според некои истражувања, порциите на брза храна и на чоколадите и газираните пијалаци и натаму се пет пати поголеми отколку во минатото, што придонесува за зголемување на мастите на стомакот.
Не користете мрсни преливи за салата, бидејќи тие содржат 130 калории само во две лажици. Најдобро е да се користи само лимон, за да се намали количеството на мастите што ги внесувате.
Избегнувајте путер од кикиритки: иако генерално тоа е храна богата со хранливи состојки, некои производители користат дополнителни состојки, како шеќер, мед, па дури и чоколадо, за да ги подобрат вкусот и текстурата. Тоа ги зголемува калориите и мастите.
Не пијте јогурт со голем процент на масти или со додаток на шеќер и на други
засладувачи. Користете јогурт со поголем процент на протеини, зашто тоа ќе ви помогне да останете сити и да не се прејадувате.