Здрава храна

Краставицата кај нас најчесто се користи при приготвување најразлични салати, во сендвичи, кашести сокови, но и како ферментирана храна. Таа има низа научно потврдени здравствени бенефиции, па дури може да превенира од некои заболувања.
Има добар нутритивен, односно хранлив состав: краставицата е една од намирниците со најмала калориска вредност. За да се максимизира нејзината хранливост, најдобро е да се јаде нелупена, бидејќи лупењето ја намалува содржината на растителни влакна, но и на одредени витамини и минерали што се присутни токму во неа. Важно е краставицата да биде соодветно измиена доколку се употребува со лушпата.
Исто така краставицата содржи антиоксиданти: повеќе студии укажуваат на моќното антиоксидантно дејство на екстрактот или сувата материја од краставицата.
Одлична храна за слабеење и храна што промовира хидратација: важно е да се спомене дека некои студии покажуваат податоци според кои значителен дел од населението добива дури 40 проценти од дневните потреби за вода токму од храната. Покрај хидрирањето на организмот, високиот процент на вода (што фактички би значело и мал процент на калории), но и растителните влакна, игра значајна улога и во промовирањето на слабеењето.
Краставицата може да помогне во намалувањето на шеќерот во крвта: краставицата има навистина низок гликемиски индекс. Ова значи дека таа ги обезбедува нејзините микронутриенти, без притоа да го зголеми нивото на глукоза во крвта. Растителните влакна исто така можат да помогнат во процесот на намалувањето на шеќерот во крвта, преку овозможувањето постепена апсорпција на глукозата.