Здрава храна

Глуварчето е билка што може да се јаде и има многу нутритивни и здравствени вредности. Освен што е полно со хранливи материи, тоа содржи и соединенија што можат да помогнат за спречување многу болести. За жал, научниците не ѝ обрнуваат внимание на оваа билка, иако се потребни повеќе истражувања за да се потврдат сите позитивни ефекти на глуварчето. Секој негов дел може да се употреби како храна.
Листовите се малку горчливи и имаат вкус сличен на рукола. Можете и свежи да ги додавате во салата, а за да ја избегнете горчината можете и да ги сварите. Потопете ги листовите во посолена вода 10-15 минути, а потоа варете ги во зовриена вода додека не омекнат.

И жолтите цветови на глуварчето можете да ги ставите во салата, а од нив можете да направите и чај. Можете да ги ставите во масло или во оцет. Маслото од глуварче се користи за правење мелем против болки во мускулите.

Печениот корен на глуварчето, пак, може да се користи за вкусна напивка слична на кафето.