Овошје што го има периодов на пазарите кај нас е црешата. Веројатно на многумина им е омилена, но еве и зошто треба да се јаде. Црешите изобилуваат со витамините А, Б и Ц, фолна киселина, калциум, калиум, железо, па како што може да забележиме, списокот од корисни состојки кај црешите е навистина долг. Силната црвена боја што е карактеристична за овој плод се должи на присуството на антоцијанинот, кој претставува пигмент што е одговорен и за прекрасната боја на боровинките, капините, виолетовиот кромид и зелка, но и цвеклото. Оваа растителна боја всушност помага и при разни запаленија и има моќ да ја намали болката.

Ако имате проблеми со срцето или, пак, бубрезите, секој ден наградете се со барем 250 грама природен медикамент во облик на овошје – нивното височество, црешите. Тоа е сосема доволна доза и за ревматичарите, како и за оние што имаат зголемено ниво на холестерол.

Не заборавајте дека црешите се и моќен диуретик што ќе го реши проблемот со задржаната вода во организмот, а тоа е одличен начин за пред да заминете на летен одмор да се ослободите и од непосакуваниот целулит.

Црешите се и мошне јак антиоксидант и извор на мелатонин, со што се забавува процесот на стареење.