Здрава храна

Лукот е еден од најсилните природни антибиотици што се користат во народната медицина уште од памтивек. Го зајакнува имунитетот, го намалува крвниот притисок и на тој начин ги штити крвните садови од оштетување. Покрај тоа, лукот помага и во борбата со херпеси, а се има покажано и како одлична превентива против разни вируси и бактерии. Познато е дека Старите Египќани, во времето на изградбата на пирамидите, често им давале на своите робови лук за да ги одржат во добра форма и кондиција.
Неговите состојки исто така може да помогнат доколку имате проблеми со вишок килограми. Имено, лукот го стимулира метаболизмот и му помага на телото побрзо да согорува калории во процесот наречен термогенеза. Покрај тоа, дури и мирисот на лук може да го реши вашиот „глад“ – ќе предизвика чувство на ситост, а како резултат на тоа, ќе јадете помалку храна. Ако сакате да се обидете да изгубите тежина со помош на лук, важно е да ја намалите исхраната за почеток, а се препорачува да јадете чешне свеж лук пред секој здрав оброк. Меѓутоа, ако имате чувствителен стомак, гответе го лукот или изедете го откако претходно сте го исечкале и оставиле да отстои петнаесетина минути.