Здрава храна

Наведуваме неколку причини зошто да јадеме повеќе лубеница ова лето:
– Лубеницата е извор на важен антиоксидант – ликопенот, кој се наоѓа и во доматите, кајсиите и грејпфрутот, го одржува здравјето на нашето срце и има голем удел во борбата против ракот, односно ја спречува појавата на ракот на дојката или простатата.
– Лубеницата дејствува исто како вијагра: цитрулинот што го содржи лубеницата ги опушта крвните жили на ист начин како и вијаграта. Одлична е за артериите.
– Лубеницата содржи многу витамини што се добри за нашиот имунитет, здравјето на очите и нашиот мозок.
– Лубеницата е одличен извор на калиум, кој помага кај функцијата на мускулите и нервите, а заедно со тоа го намалува ризикот од висок крвен притисок.
– Дехидрација: лубеницата содржи дури 92 проценти вода, што е одличен извор на течност во топлите летни денови.
– Лубеницата исто така е одличен зеленчук за оние што се обидуваат да изгубат неколку килограми, бидејќи содржи шеќер, а е речиси безмасна.