Иако ладно цеденото маслиново масло знаеме да го платиме и неколкупати поскапо, сепак не сме сигурни дека не сме добиле мешавина од соино или друго поевтино масло. Ќе објасниме како да го препознаете оригиналното бидејќи тешко е да се утврди само по вкусот. Дури и стручњаците знаат да бидат збунети. Но, сепак, постојат два начина.

Како да утврдите вистинско ладно цедено масло
Ладно цеденото маслиново масло се згуснува на ладно. Во ладилникот би требало да стане матно и да се згусне. Кога е на топло, пак станува потечно. Освен тоа, вистинското ладно цедено масло е запаливо и памучните нишки од газиените ламби треба да горат во вакво масло. Ако не горат, маслото не е чисто.

Каде да купите оригинално маслиново масло
Најдобро е од локални продавачи што ги познавате или да пронајдете компанија чии производи имаат сертификати дека маслото е органско и чисто. Цената не е веродостоен показател.

Чување на маслото
Топлината и светлоста предизвикуваат побрзо расипување на маслото. Купувајте го она што се продава во темни стаклени шишиња, а откако ќе го донесете дома, чувајте го во орман, но никако во близината на шпорет или на друг извор на топлина.
Она што го прави маслиновото масло суперхрана е високото ниво на мононезаситени масти, особено олеинската киселина и разните антиоксиданси.
Дознајте зошто секое утро треба да консумирате 1 лажица маслиново масло.

Антиканцерогено дејство
Својствата на екстра девственото маслиново масло се корисни против неколку вида рак. Кога се вршени испитувањата, најдобрите резултати се покажале во случај на рак на дојката и на органите за варење.

Деменција
Една од причините за Алцхајмерова болест е зголемена акумулација на бета-амилоид во мозокот.
Тим од експерти од универзитетот „Монро“ во Луизијана открил дека олеокантал, соединение што се наоѓа во екстра девственото маслиново масло, има моќ да го контролира нивото на бета-амилоид и значително го зголемува неговото чистење.

Шеќер во крвта
Екстра девственото маслиново масло покажало способност да ја намали зачестеноста на дијабетесот. Маслиновото масло може да биде од помош во лекувањето на дијабетес тип 2 кога се консумира, но и кога се користи за надворешна употреба.

Крвен притисок
Студија објавена во стручен магазин покажала дека сите учесници со висок крвен притисок на крајот го намалиле внесот на лекови, благодарение на консумацијата 30-40 грама екстра девствено маслиново масло секое утро.