Пет намирници од кои вирусите се плашат

Има разни совети за тоа како треба да изгледа исхраната во текот на зимскиот период, меѓутоа пет намирници содржат доволно витамини што можат да го заштитат организмот во текот на зимата.
Спанаќ: еден филџан варен спанаќ ќе ви даде 377 отсто дневна потреба од витамини,односно 30 проценти витамин Ц, 20 отсто витамин Е и 15 проценти цинк.
Семки од сончоглед: само три лажици од овие вкусни грицки обезбедуваат 90 проценти од дневната потреба за витамин Е. Една лажица семки се става во јогурт или салата, за да се зголеми нивото на витамини во телото и да се и да се зајакне одбранбениот систем.
Јагнешко месо: само 40 грама јагнешко месо ќе ви дадат 50 отсто од дневната доза на селен и 38 отсто од потребите за цинк.
Црвени пиперки: филџан сурова црвена пиперка ќе ви обезбеди 291 отсто од дневните потреби на витамин Ц, што е поголемо количество од она што го има во портокалот.
Шампињони: порција шампињони содржат повеќе од 50 отсто од потребната дневна доза селен и 15 проценти цинк. Можете да ги испржите со сок од домати и да ги послужите со тестенини.