Јагодите се одличен извор на растителни влакна, витамин Ц и антиоксиданти, а вашето здравје може да има голем број придобивки доколку ги вклучите во исхраната. Поради тоа, постојат многу причини зошто треба да јадеме јагоди, кои периодов ги има во изобилство на зелените пазари.
Го подобруваат имунитетот: една порција јагоди на вашиот организам ќе му даде околу 150 проценти од потребното дневно количество на витамин Ц. Витаминот Ц е есенцијален во битката со инфекции, настинки и грип.
Го намалуваат крвниот притисок: како одличен извор на калиум, јагодите помагаат за намалување на високиот крвен притисок. Доколку се борите со хипертензија и имате кардиоваскуларни болести како последица на тоа, исхрана богата со калиум може да ви помогне за намалување на ризикот што би можел да настане од овие заболувања.
Штитат од рак: специјалните состојки што ги има во јагодите, наречени флавоноиди, имаат моќ да се борат со канцерот и оксидативниот стрес.
Го регулираат шеќерот во крвта: јагодите имаат релативно низок гликемиски индекс, што значи не предизвикуваат екстремно влијание на шеќерот во крвта.