Тулси, на латински Ocium sanctum, е билка позната и како босилек. Потекнува од југоисточна Азија, а денес најмногу се одгледува на подрачјето на Индија, каде што го доби и епитетот свето растение. Босилекот од дамнина се користи во индиската традиционална медицина ајурведа. Тоа е комплекс на алтернативна комплементарна медицина, која потекнува од Индија. Главниот концепт на ајурведата е јакнење на организмот со правилен начин на живот, со што се настојува да се превенираат голем број болести на модерното време.

Многубројните истражувања докажаа дека тулси благодарение на својот состав влијае на доброто здравје и на долговечноста. Тој содржи: витамин А, витамин Ц, калциум, цинк, железо и хлорофил. Стручњаците велат дека тулси има големо антибактериско дејство, се користи во лекувањето дијабетес, го регулира притисокот и ја подобрува работата на срцето со едноставно џвакање на листовите. Го намалува стресот, а чајот од босилек помага при намалување на камењата во бубрезите. Добар е и при настинка, кашлица и како превенција од грип.