Шест научно докажани здравствени придобивки од бадемовото млеко

Бадемовото млеко е нутритивен нискокалоричен пијалак, кој во последно време е многу популарен. Се добива од блендирани бадеми, помешани со вода, па процедени, за да се добие производ што на изглед е ист како обичното млеко. Веќе наголемо се продава во големите маркети и продавниците за здрава храна, а многумина знаат и да си го приготвуваат дома. Одлично е за луѓето што не можат да пијат кравјо млеко.

1. Нискокалорично

Млекото од бадем има значително помал број калории отколку кравјото млеко. Многумина мислат дека тоа не е така, бидејќи бадемите се со голем број калории и масти. Меѓутоа, додека се прави млекото, се губи голем дел од калориите. Ова е одлично за луѓето што се на диета.
Околу 240 милилитри бадемово млеко содржи од 30 до 50 калории, додека истото количество кравјо млеко содржи 146 калории. Намалувањето на внесот на калории е одлично за намалување на телесната тежина, особено во комбинација со физичка активност. Доколку се обидувате да слабеете, обидете се да го замените кравјото или кое било друго млеко од животинско потекло со бадемовото. Со тоа може да намалите дури 348 калории.

2. Има ниско ниво на шеќер

Домашно направеното бадемово млеко има многу помалку шеќер. Една шолја, или околу 240 милилитри, бадемово млеко содржи еден-два грама јаглехидрати, од кои најмногу влакна. Само за споредба, животинското млеко содржи 13 грама јаглехидрати, од кои најголемиот дел е шеќер.
Одлично е за дијабетичари, бидејќи луѓето со дијабетес мора да внимаваат на дневниот внес на шеќери. Заменувањето на животинското млеко со бадемово е одличен начин за да се постигне тоа.

3. Богато е со витамин Е

Бадемите се богати со витамин Е, обезбедувајќи 37 проценти од дневната потреба за витаминот. Една шолја бадемово млеко, или околу 240 милилитри, обезбедуваат од 20 до 50 проценти од потребниот дневен внес на витамин Е. Колку за споредба, животинското млеко воопшто и го нема овој витамин.
Витаминот Е е одличен антиоксидант, кој се справува со стресот и со воспаленијата. Штити од срцеви заболувања и е одличен за коските и здравјето на очите.
Витаминот Е исто така го подобрува здравјето на мозокот, а се покажало и дека го намалува ризикот од добивање Алцхајмерова болест.

4. Без лактоза

Лицата што не се толерантни на лактоза не би требало да пијат млеко од животинско потекло. Оваа состојба е предизвикана од недостиг од ензим што е одговорен за разложување на лактозата во дигестивниот тракт. Нетолеранцијата може да предизвика непријатни симптоми, вклучувајќи и болки во стомакот, подуеност и гасови.
Нетолеранцијата на лактоза ја имаат дури 75 проценти од луѓето низ светот. Токму поради тоа, бадемовото млеко е одлично за луѓето со ваква дијагноза.

5. Веганско

Некои луѓе поради свои лични убедувања одбиваат да консумираат храна од животинско потекло. Бидејќи бадемовото млеко се добива од јаткасти плодови, тоа може да се користи и во веганската исхрана.
Млекото од соја се смета како замена за животинското млеко, но во последно време се покажа дека 14 отсто од луѓето што се алергични на животинско млеко исто така се алергични и на соино млеко. Затоа, бадемовото млеко е одлична алтернатива.

6. Има помалку фосфор и калиум

Луѓето со хронични бубрежни болести честопати го избегнуваат животинското млеко поради високите количества калиум и фосфор, бидејќи бубрезите не им се способни правилно да ги обработат и со тоа постои ризик тие да се вградат во нивната крв. Премногу фосфор во крвта го зголемува ризикот од срцеви заболувања, хипертиреодизам и болести на коските. Премногу калиум, пак, го зголемува ризикот од нерегуларен срцев ритам, срцев удар и смрт. Животинското млеко содржи 233 милиграми фосфор и 366 калиум во една шолја, додека бадемовото млеко содржи само 20 милиграми фосфор и 160 милиграми калиум.

[email protected]