Храна за активирање на мозокот

Мозокот е еден од најважните органи во човековото тело. Тој е контролниот центар на целокупниот организам и тело. Задолжен е да го одржува чукањето на срцето и дишењето, но и ви овозможува да се движите, да чувствувате и да мислите.
Токму затоа е од голема важност да внимавате што јадете за да го одржувате неговото здравје.

1. Мрсна риба
Кога зборуваме за храна добра за мозокот, мрсната риба е на врвот на листата. Пастрмката, сардините и лососот се богати со омега 3 масни киселини. Околу 60 проценти од мозокот се масти, а половина од нив се омега 3. Мозокот користи омега 3 за да создава мозочни и нервни ќелии, и овие масти се есенцијални за учење и меморија. Масните киселини омега 3 имаат огромни бенефиции за здравјето на мозокот. Меѓу другото, можат да го забават стареењето на мозокот, но и развивањето мозочни болести како што е Алцхајмеровата болест.
Доколку не внесувате доволно омега 3 масни киселини, може да се соочите со депресија. Консумирањето риба може да има само позитивни придобивки за вашето здравје.
Една студија покажала дека луѓето што јаделе варена или печена риба, имале повеќе сива материја во мозокот. Сивата материја е составена од нервните ќелии што ги контролираат носењето одлуки, меморијата и емоциите.

2. Кафе
Ако денот го започнувате со шолја топло кафе, ќе ви биде мило што е тоа така, затоа што пиењето кафе е одлично за здравјето на мозокот. Двете главни компоненти на кафето, кофеинот и антиоксидансите, се од голема помош за вашиот мозок. Кофеинот има многубројни позитивни придобивки.
Зголемена будност – со тоа што го блокира аденозинот, кој е хемиска супстанција виновна за сонливоста, кофеинот го држи мозокот буден.
Го подобрува расположението – кофеинот го одржува доброто расположение активирајќи го серотонинот што е клучен за вашата насмевка.
Остра концентрација – една студија покажала дека лицата што пијат една шолја кафе наутро, или помали количества во текот на денот се поефикасни во извршувањето задачи и се поконцентрирани на работното место.
Долгорочното пиење кафе е поврзано и со намален ризик од невролошки заболувања, како што се Паркинсоновата и Алцхајмеровата болест што, пак, може да се припише и на многубројните антиоксиданси во кафето.

3. Боровинки
Боровинките нудат голем број здравствени придобивки, а многу од нив се однесуваат на здравјето на мозокот.
Боровинките и другите шумски овошја со силни бои се богати со антоцијани, поради што имаат антивоспалителни и антиоксидантни ефекти.
Антиоксидантите влијаат против оксидативниот стрес и воспаленија, состојби што влијаат на стареењето на мозокот и на невролошкото здравје. Некои од антиоксидантите во боровинките ја подобруваат комуникацијата помеѓу мозочните ќелии.

4. Куркума
Куркумата има голем број позитивни ефекти врз мозокот. Куркуминот, кој е главна состојка на куркумата, успешно навлегува во мозочните ќелии испуштајќи ги позитивните ефекти токму таму.
Тој е голем антиоксиданс, па може да ја подобри меморијата, особено кај лица болни од Алцхајмер. Куркуминот исто така позитивно влијае кај лица што страдаат од депресија. Една студија покажала дека куркуминот ги намалува симптомите на депресија исто како и антидепресивите, и тоа консумирајќи го во период од шест недели.
Куркуминот исто така им помага на ќелиите да растат. Со тоа помага во одложување на стареењето на мозокот.

5. Брокула
Брокулата е богата со антиоксиданти. Изобилува со витамин К, содржи неверојатни 100 проценти од дневната препорачана доза. Витаминот К ја подобрува меморијата. Покрај овој витамин, брокулата содржи голем број состојки што на мозокот му нудат антивоспалително и антиоксидантно дејство што, пак, може да го заштити од повреди и поголеми здравствени штети.

6. Семки од тиква
Семките од тиква се моќни антиоксиданти, кои го штитат мозокот од штетата од слободните радикали. Тие се одличен извор на магнезиум, железо, цинк и бакар. Секој нутриент од наведените е одличен за здравјето на мозокот.
Цинкот е одличен за нервите и недостатокот од него може да се поврзе со голем број невролошки состојби, како што се Алцхајмер, депресија и Паркинсонова болест.
Магнезиумот е есенцијален за учење и меморија. Ниското ниво на магнезиум се поврзува со мигрени, депресија и епилепсија.
Бакар – мозокот користи бакар за да ја подобри сигнализацијата на нервите. Кога количеството бакар во организмот е ниско, постои поголема опасност од развивање Алцхајмерова болест.
Железото, пак, му е потребно на мозокот за нормално функционирање. Ниското ниво на железо се поврзува со замор и главоболки, кои се лоши за мозочното здравје.
Додавајте ги семките од тиква со оброците, а особено во утринските кога организмот се полни со витамини, минерали и антиоксиданти.

7. Црно чоколадо
Црното чоколадо и какаото содржат состојки што го будат мозокот, како што се флавоноидите, кофеинот и антиоксиданти.
Главоноидите се антиоксиданси од чоколадото, кои се справуваат со учењето и меморијата. Студиите покажале дека овие состојки ја подобруваат меморијата и го чуваат мозокот здрав, а тоа го потврдуваат многубројни студии. Една студија покажала дека луѓето што јаделе црно чоколадо, многу подобро се снаоѓале во игри во кои се користи мозокот. Чоколадото исто така е подобрувач на расположението. Друга студија покажала дека луѓето што јаделе чоколадо секојдневно, имале подобро расположение од оние што не консумирале.

8. Јатки
Истражувањата покажуваат дека луѓето што јадат јатки имаат подобро срцево здравје, а здравото срце значи и здрав мозокот. Јатките го подобруваат когнитивното размислување, но и невролошките болести. Друга студија покажала дека жените што консумирале јатки имале подобра меморија од оние што не го правеле тоа.
Одлични се за здравјето на мозокот затоа што се богати со антиоксиданти, витамин Е и здрави масти. Витаминот Е ги штити мозочните мембрани од слободните радикали. Оревите се најдобри од јатките за вашиот мозок. Тие се богати и со омега 3 масни киселини.

[email protected]