Здравствени придобивки од грозјето

Грозјето го користат речиси сите народи веќе илјадници години, а употребувано е и од неколку стари цивилизации за правење вино. Постојат многу видови грозје, вклучувајќи бело, црвено, црно, жолто и розово. Расте во гроздови, во Африка, Австралија, Северна и Јужна Америка како и во Јужна Европа.
Грозјето нуди голем број здравствени придобивки бидејќи е високонутритивно и има многу антиоксиданти.

Во продолжение ќе наброиме зошто грозјето е здраво за вашето тело.

-Богато е со нутритиенти, особено со витамините Ц и К
– Една чинија грозје, или околу 151 грам, зелено грозје содржи:
– калории 104
– јаглехидрати 27,3 грама
– протеини 1,1 грама
– масти 0,2 грама
– влакна 1,4 грама
-витамин Ц 27 отсто од дневната препорачана доза
– витамин К 28 отсто од препорачаната дневна доза
– тиамин 7 отсто од дневната препорачана доза
– рибофлавин 6 отсто од дневната препорачана доза
-калиум 8 отсто од дневната препорачана доза
– бакар 10 отсто од дневната препорачана доза
– манган 5 отсто од препорачаната дневна доза

Една чинија или околу 151 грам грозје нуди четвртина од препорачаната дневна доза на витамин К, кој е клучен за здрави коски и крв.
Тоа е одличен извор на витамин Ц, есенцијален витамин и моќен антиоксидант потребен за ткивата.

*Високиот состав на антиоксиданти може да превенира хронични болести

Антиоксидантите се состојки во сите овошја, растенија и билки. Тие помагаат да се обновуваат штетите на ќелиите предизвикани од слободните радикали, кои се штетни за молекулите и предизвикуваат оксидативен стрес.
Оксидативниот стрес се поврзува со неколку хронични болести, вклучувајќи ги дијабетесот, канцерот и срцевите болести.
Грозјето има големо количество моќни антиоксиданти, всушност повеќе од 1.600 здрави антиоксиданти.

Најголемиот број антиоксиданти ги има во лушпата и семките. Црвеното грозје содржи најголем број антиоксиданти. Антиоксидантите ги има дури и по неговото обработување како што е ферментацијата, па затоа и црвеното вино е високо со нутритиенти.
Затоа грозјето е здраво за срцето, го намалува крвниот притисок и штити од канцер. Грозјето содржи витамин Ц, бета каротен, лутеин, ликопен, кои исто така се моќни антиоксиданти.

*Штити од одредени видови канцер

Грозјето штити од одредени видови канцер. Ресврератролот што го има е одличен во превенцијата од канцер.
Го намалува ширењето на канцерот, но има и антиканцер-дејство.
Една студија направена на 30 луѓе над 50 години, покажала дека јадењето 450 грама грозје дневно, во период од две недели, ги намалило тумор-маркерите за канцер.

*Го намалува крвниот притисок

Една чинија грозје, или околу 151 грам, содржи 288 милиграми калиум, што е шест проценти од дневната препорачана доза. Овој минерал е потребен за здрав притисок во крвните садови. Внесувањето мало количество калиум е причина за зголемен крвен притисок, срцеви болести и удари.
Една студија направена кај 12.267 возрасни покажала дека луѓето што консумирале повисоко ниво калиум биле помалку на удар на висок притисок и срцеви болести.

*Го намалува холестеролот

Состојките во грозјето може да помогнат во борбата со лошиот ЛДЛ-холестерол, со тоа што го апсорбира.
Една студија направена кај 69 лица со висок холестерол, покажала дека јадењето околу 500 грама грозје дневно, осум недели, го намалува лошиот холестерол. Белото грозје сепак не го имало истиот ефект.

*Го намалува нивото на шеќер во крвта

Грозјето содржи 23 грама шеќер во 151 грам, па сигурно ќе се запрашате дали е добро да го јадат дијабетичари. Има низок гликемиски индекс. Неговите состојки го намалуваат шеќерот во крвта. Во 16-неделна студија направена кај 38 мажи, кои консумирале 20 грама грозје дневно, било докажано дека имаат помал шеќер во крвта.

*Богат е со состојки здрави за очите

Состојките со кои е богато грозјето, штитат и од срцеви болести. Штити од катаракта и од очен притисок.

*Содржи нутритиенти добри за коските
Грозјето содржи минерали добри за коскеното здравје, вклучувајќи ги калциумот, магнезиумот, калиумот, фосфорот и витаминот К.

*Може да штити од бактерии и вируси

Голем број состојки во грозјето штитат од бактерии така што се борат против нив. Одличен извор е на витаминот Ц, кој е добро познат по неговите здравствени придобивки за имунитетот.
Зеленото грозје штити од грип и вируси.

*Вкусно е и одлично за здрава диета

Грозјето е клучно за здрав начин на исхрана. Ќе ви претставиме неколку идеи како да го консумирате:
– јадете го како ужина;
– замрзнете грозје за да го додадете во ладни пијалаци;
– додадете сечкано грозје во салата;
– користете го во овошна салата;
– додадете го во утрински кашест сок;
– пијте 100-процентен сок од грозје.

[email protected]