Благодатите од црешите

1068

Штитат од рак: плодовите на црешата се богати со лутеин, зеаксантин и бета-каротин – споеви што се познати „чистачи“ на слободните радикали, кои се потврдени причинители на рак. Според резултатите на многубројни истражувања, овој спој поради своите силни антиканцерогени својства значајно придонесува во превентива од рак.

Ги штитат срцето и крвните садови: калиумот во црешите значајно придонесува кон здравјето на срцето. Може да бидат од корист во регулирањето на крвниот притисок, срцевите отчукувања и електричната активност во срцето.

Помагаат кај воспаленија: редовното консумирање цреши за 28 дена доведува до намалување на биохемиските знаци на воспаление. Може да помогне против хронични болести, како што се гихт, артритис, спортски повреди.

Ги намалуваат болките и ја враќаат силата: едно истражување покажало дека спортистите што пиеле сок од цреши пред трка на долги патеки имале помали болки во мускулите по трката, за разлика од другите учесници. Истражување од Универзитет во Лондон покажало дека со пиење сок од цреши може во рок од 24 часа да се врати дури 90 отсто од изгубената сила во текот на спортски активности или напорна физичка работа.