Проветрувањето на просторијата дефинитивно станува непожелна идеја, бидејќи надвор е ладно, а и загадено. Меѓутоа, не се пожелни и застојаниот воздух во домот и мирисите од готвење и цигари. Во нашите домови има многу загадувачи на воздухот, како што се трихлоретилен, формалдехид, бензен, јаглерод моноксид и азот. Потоа, постојат различни средства за дезинфекција, оксиди и пестициди. Сите загадувачи можат да бидат многу штетни за здравјето на луѓето, поради што е неопходно некакво прочистување на воздухот. Познато е дека некои растенија го прочистуваат воздухот.

Алое вера: Се покажа дека алое верата е ефикасна во чистење на воздухот од загадувачи што се наоѓаат во различни хемикалии, кои се користат секојдневно за чистење. Таа покажува и кога воздухот во просторијата е премногу загаден, бидејќи тогаш на нејзините лисја се појавуваат кафени дамки.

Англиски бршлен: Англискиот бршлен е одличен за прочистување на воздухот, а ова е најефективното растение кога е во прашање апсорпцијата на формалдехид, кој често се наоѓа во средствата за дезинфекција. Ова растение, инаку, е многу лесно за одржување, само треба да го чувате на умерена светлина и температура.