Техно

„Моторола“ подготвува нов водечки паметен телефон, кој се развива под кодното име „фронтиер“. Компанијата неодамна го претстави „еџ Х30“, а сега подготвува нов предводник, кој ќе дели некои спецификации со гореспоменатиот уред, додека во некои аспекти ќе биде повпечатлив.
Според информациите, уредот со кодното име „фронтиер“ ќе има 6,67-инчен заоблен ФХД + АМОЛЕД-екран со брзина на освежување од 144 херци, како и „еџ Х30“ и ќе се напојува со процесорот снепдрагон 8. Не е истиот процесор како сегашниот снепдрагон 8 ген 1, но е сличен и е произведен од 4нм производствен процес на ТМСЦ, наместо од „Самсунг“. Ова не е првпат да се појави информација за ваков потег, а причината се проблемите во производството на „Самсунг“. Изворот дури го наведува и бројот на моделот СМ8475 за новиот процесор, што сугерира дека ќе го носи името снепдрагон 8 ген 2.
„Фронтиер“ ќе биде поврзан со осум гигабајти РАМ и 128 гигабајти внатрешна меморија или 12 гигабајти РАМ и 256 гигабајти внатрешна меморија.
Претстојниот паметен телефон ќе го добие сензорот С5КХП1 на „Самсунг“ од 200 мегапиксели како главна камера, како и 50 мегабајти ултраширока камера. Напред треба да биде сензорот омниВижн ОВ60А од 60 мегабајти, позајмен од „еџ Х30“. Брзината на полнење ќе се подобри, бидејќи „фронтиер“ ќе поддржува полнење од 125 вати преку неговиот приклучок тајп-Ц, како и безжично полнење од 50 вати.