Техно

Американските медиуми пренесуваат дека компанијата „Епл“ работи на развој на уред со екран на преклопување од 20 инчи.
Станува збор за уред што претставува хибрид на Ајпед и Мекбук, според експертот на „Епл“, Марк Гурман, и аналитичарот Рос Јанг, пишува „Блумберг“.
Груман верува дека уредот ќе има голем екран, кој ќе се состои од два панела, така што нема да има физички тастатури и тракпади. Сите контроли ќе се засноваат на технологија на екран на допир. Кога станува збор за излегувањето на пазарот, и двајцата експерти веруваат дека тоа ќе се случи во 2026 година, кога треба да го видиме и автомобилот на „Епл“.
„Леново“ веќе има нешто слично во форма на „тинкпад Х1 фолд“, кој има 13-инчен преклопен екран. Овој екран се преклопува во центарот и станува лаптоп со екран на допир. Сепак, оваа технологија сѐ уште не е усовршена, па „Епл“ има време до 2026 година, доколку воопшто се остварат предвидувањата.