Компанијата „Леново“ се подготвува да ја лансира рачната конзола „Лиџен плеј“, која користи оперативен систем Андроид.
„Лиџен плеј“ ќе им конкурира на рачната конзола „Стим дек“ на „Валв корпорејшн“ и на „Свич“ на „Нинтендо“. „Леново“ требаше да го претстави својот модел за време на Светскиот конгрес за мобилни телефони, но тоа не се случи.
Уредот беше опишан како Андроид клауд конзола за игри што им овозможува на гејмерите да играат игри за мобилни телефони и да ги пренесуваат своите компјутерски игри, и сето тоа во еден уред.
„Лиџен плеј“ има седуминчен ФХД-екран со ХДР 10 поддршка и формат 16:9. Има два звучници, вградени контроли што не можат да се одвојат, а се напојува со батерија од 7.000 мегаампер-часа.
Се чини дека конзолата користи изменета верзија на Андроид, а исто така ја поддржува платформата „Нвидиа ЏиФорс нау.
Останува да видиме кои други стриминг-сервиси ќе ги поддржи конзолата, како и другите спецификации.