Од 2030 година и до крајот на 2040 година, луѓето ќе почнат да комуницираат едни со други и со животни, да контролираат компјутери и електроника, да споделуваат спомени и соништа и да сурфаат на Интернет, сето тоа со користење на нашите умови. Сите овие работи звучат како да се излезени од научнофантастичен филм или роман, таквите идеи вообичаено излегуваат оттаму. Но исто како што авионите и паметните телефони некогаш биле опишувани како научнофантастични, денес луѓето ќе го зборуваат тоа за следните иновациите додека не се појават на пазарот.

Процените што се правеа во 2014 година за понатамошните технологии во иднината беа следните. Некои од предвидувањата се дека насочувањето на компјутерската технологија ќе ги истражува новите технологии за кориснички интерфејс или УИ. Тие се наменети за преструктурирање на начинот на кој комуницираме со компјутерите. Ултрамоќни, говорно контролирани, виртуелни асистенти како „Сири“ предвидуваат дека до 2020 година ќе бидат застапени при користење на вашиот паметен телефон, паметен автомобил и паметен дом, дека ќе станат дел од секојдневието. Виртуелната реалност и аугментираната реалност ќе го најдат местото меѓу потрошувачите до 2025 година. Како што можеме да видиме овие технологии се појавија, сѐ уште се актуелни и го движат современиот тек на информациската технологија. Можеби виртуелните асистенти не се застапени до тој степен како што се предвидуваше, но технологијата постои и се дооформува за да го олесни и подобри секојдневното човеково живеење.

Исто така технологијата за кориснички интерфејс во изминативе 2 години се доразвива и доминира на пазарот. Која било работа што се одвива преку Интернет без повратните информации од корисничкиот и подобрувањето на корисничкиот интерфејс, кај поголемиот број од компаниите не би ни успеала на пазарот на трудот.

Следната технологија што се предвидува да се развива понатаму претставува технологијата за движење на телото и гест што постепено ќе се интегрира во повеќето компјутери и електроника до 2025 година. Продолжување на оваа технологија во други аспекти како тактилните холограми ќе влезат на пазарот до средината на 2030 година. А технологијата со која се предвидува контролирање на работите со помисла или мозочниот – компјутерскиот интерфејс се предвидува дека ќе се појави некаде околу 2040 година.

Овие различни форми на корисничкиот интерфејс се наменети да ја направат комуникацијата со компјутерите и технологијата полесна и без напор. Да овозможат полесна и побогата комуникација и да го премостат нашиот вистински и дигитален живот да кохабитираат во истиот простор. Со развивањето микрочипови за работа со голема брзина и можноста за складирање голем број податоци на сервисите во облак со новите форми на технологијата од корисничко искуство ќе го сменат животот на луѓето во развиените земји.

Сепак како ќе се рефлектираат овие УИ-технологии во општеството?

Според некои аналитичари, со развојот на технологијата ќе се намалува големината на уредите. Помали чипови помали препарати и уреди. Со тоа може да се видоизмени, намали внатрешниот дизајн на домот. Поголемата застапеност на технологијата и развивање на истата таа ќе овозможи и намалување на цената на компјутерската веб-технологија. Истовремено истата технологија ќе стане попристапна за посиромашните.

Со развивање на големите бази на податоци и сервисите во облак, во комбинација со мозочното поврзување на истите тие, би имало создавање суперчовечка интелигенција. Сите информации што постојат на Интернет да ни бидат пристапни нам со една помисла. До крајот на 2040 година се планира развивање БЦИ-технологија, која ќе се може имплантира или вгради во човекот. На таков начин ќе нема да имаме потреба да пребаруваме преку мобилниот телефон, преку Интернет туку со нашиот мозок.

Интелигенцијата повеќе нема да се мери преку тоа што го знаете, туку од квалитетот на прашањата што ќе ги поставувате и креативноста со која ќе го примените знаењето. Сите нема да ги прифатат овие промени и од таа причина ќе има појава на голем јаз помеѓу генерациите. Исто како што сега вашите баби и дедовци имаат тешкотии да го разберат Интернет, исто така потешко ќе биде разбирањето на идниот интерфејс. Се претпоставува дека повеќето луѓе ќе го користат и ќе биде составен дел од секојдневниот живот.