„Мајкрософт“ и „Сони“ работат на следните верзии на „Плејстејшн“ и „Иксбокс“: „Плејстејшн 5“ и „Иксбокс серија икс“. И двете нови конзоли се очекува да пристигнат зимава, за време на празниците, а според официјалните информации од двете компании, конзолите користат слична технологија

За оние што водат евиденција, ова е петта генерација на конзоли „Плејстејшн“ и четврта „Иксбокс“. Следниот плејстејшн на „Сони“ се нарекува „Плејстејшн 5“. Следното име на „Мајкрософт иксбокс“ е конзолата „Иксбокс серија икс“. И покрај тоа што сè уште ниту едната ниту другата компанија официјално не ги изложија своите конзоли, сепак „Сони“ и „Мајкрософт“ дадоа официјални информации и голем број детали за спецификациите на конзолите. Како такви, и двете конзоли имаат сличности, но и разлики.

Во однос на спецификациите, новиот „Плејстејшн“ на „Сони“ и следниот „Иксбокс“ на „Мајкрософт се мошне слични, особено во споредба со минатите генерации на конзолата. И двете конзоли имаат слични чипови што ги напојуваат, слични количества меморија и слично ниво на складирање. И двете имаат диск-драјвови и се очекува да бидат лансирани во текот на зимава.

„Мајкрософт“ и „Сони“ користат процесори АМД Нави за да ги направат своите конзоли побрзи од кога било. Исто така, хард дисковите што ги поседуваат се од видот ССД, кои значително го намалуваат времето на вчитување и ја зголемуваат брзината на пренос на податоци. И двете користат РАМ-меморија ГДД6. „Сони“ имаше подетални информации од „Мајкрософт“ во еден поглед, „Плејстејшн 5“ ќе поседува процесор Рајзен од АМД. „Мајкрософт“ и „Сони“ ја промовираа можноста за овозможување на 8К технологија со подобрен систем на осветлување за визуализација на игрите, со сите привлечни спецификации што ги нуди оваа технологија.

Накратко, следната генерација на конзолата „Иксбокс“ користи доста слична технологија со она што го користи „Сони“ во „Плејстејшн 5“. И „Сони“ и „Мајкрософт“ директно наведуваат дека новите конзоли ќе имаат побрзо време на вчитување, поради ССД-дисковите. И двете компании промовираа нова функција за осветлување, „трагање по зраци“, која ветува дека ќе го направат осветлувањето во играта подетално од кога било.

И, конечно, последната карактеристика што ја ветуваат двете компании е дека нивните конзоли од следната генерација ќе произведуваат 8К визуелна технологија. Ова е доста бесмислено ветување во овој момент, со оглед на тоа што огромен дел потрошувачи не поседуваат телевизор што поддржува 8K технологија. Нешто за што исто така се изјаснија и „Мајкрософт“ и „Сони“ е дека и двете нивни конзоли од следната генерација ќе поддржат компатибилност за играње на игрите од претходните генерации конзоли.

Со појавувањето на новиот „Иксбокс“, ќе се појави и новата игра „Хало инфинит“, а наедно ќе се појави и нова игра наречена „Сенсуа сага: Хелс блејд 2“, како и игрите „Гирс оф вор“ и „Форза“. Во однос на новиот „Плејстејшн“, тој ќе се појави со две нови игри. За „Плејстејшн 5“ првите најавени игри се „Д елдерс скролс 6“ и „Старфилд“.