„Сони плејстејшн класик“ е минијатурна верзија на оригиналниот „плејстејшн 1“, која доаѓа со 20 познати игри и ќе пристигне на 3 декември, а ќе чини 100 долари, објави „Сони“. Некои од игрите што се вклучени, а беа големи хитови на ривалот „Нинтендо“ се НЕС класик и Снес класик. Некои од претходно поставени игри вклучуваат Фајнл фантази 7, Јампинг флеш, Риџ рејсер тајп 4, Текен 3 и Вајлд армс. Сите овие игри ќе можат да се играат во нивниот оригинален формат, а наедно во следниов период повеќе игри ќе се објават пред официјалното лансирање на конзолата. „Сони плејстејшн класик“ е 45 отсто помал од оригиналната конзола од 1994 година, според „Сони“. Мини-верзијата на „плејстејшн“ ги задржува изгледот и чувството на оригиналот, исто така се разбира останува истиот контролер, кој нема аналогни копчиња за стискање или за вртење.

– Оригиналната конзола на „сони плејстејшн“ првпат беше претставена во 1994 година, пред речиси 25 години. Тоа беше првата домашна конзола во историјата на видеоигрите, која испорача 100 милиони примероци низ светот, нудејќи им на потрошувачите шанса да играат игри со реално прикажани 3Д-графики првпат во нивните домови – велат од „Сони“.

„Плејстејшн класик“ ќе почне да се дистрибуира во „ограничени количества“ на 3 декември во Јапонија, Северна Америка, Европа, Австралија и во Нов Зеланд. Додека, пак, во Соединетите Американски Држави за „класик“ ќе може да се закаже нарачка претходно само во одредени продавници. Инаку уредот ќе доаѓа со ХДМИ-кабел, два жични контролери и УСБ-кабел за напојување, но, за жал, во конфигурацијата нема да следува напојување и затоа за оние што ќе го купат ќе треба сами да се снабдат со АЦ-адаптер. Од компанијата „Сони“ велат дека ќе се објават повеќе детали во наредните месеци.