Ставањето астронаути во состојба на хибернација или суспендирана анимација за време на патувањето низ вселенски простори е основа на научната фантастика. Сега, Европската вселенска агенција (ЕСА) истражува како може навистина да функционира овој вид технологија доколку постои во реалниот живот. Исто така, ЕСА истражува какви влијанија би би имал овој концепт врз потенцијалните мисии на Марс или други планети.

Клучното откритие на оваа истрага е дека мисиите што користеле човечка хибернација би барале многу помалку физички простор од нормалниот, според вселенската агенција „Конкурент дизајн фасилити“ (ЦДФ) и тимот „Сис спејс“, наведува „Њузвик“.

Истражувањето ја проценува човечката хибернација за хипотетичка мисија на Марс, на која би биле испратени шест луѓе и би се вратиле за повеќе од пет години.
– Работевме на приспособување на архитектурата и логистиката на вселенското летало, на заштита од зрачење, на потрошувачката на енергија и целокупниот дизајн на мисијата. Разгледавме како може астронаутскиот тим најдобро да се стави во хибернација, што да се прави во случај на вонредни состојби, како да се справи со човековата безбедност, па дури и какво влијание би можела да има хибернацијата врз психологијата на тимот. Конечно, создадовме почетна скица на архитектурата на живеалиштата и создадовме патоказ за да постигнеме валиден пристап за хибернација на луѓето на Марс во рок од 20 години – вели Робин Бисброк во соопштението на ЦДФ.

ЦДФ претпоставуваат дека астронаутите ќе бидат ставени во хибернација со помош на лекови додека се наоѓаат во мали индивидуални „капсули“. Капсулите би биле затемнети и ладени за да ги задржат телата на астронаутите на ниска температура за поголемиот дел од 180-дневното патување од Земјата кон Марс. Пред да замине на хибернација, екипажот треба да наталожи маснотии во телото, исто како и животните што хибернираат во дивината. Освен тоа, астронаутите ќе поминат низ 21-дневен период на закрепнување откако ќе се разбудат за да му дадат време на своето тело да закрепне. Дизајнерите исто така може овие капсули да ги конструираат на таков начин што ќе овозможат подобро да ги заштитат астронаутите од штетното радиоактивно зрачење, кое претставува една од главните опасности од патувањето во длабоката вселена. Еден голем предизвик претставува автоматизираниот систем, кој ќе биде управуван преку компјутер со вештачка интелигенција. Тој би требало да се справи со сите техничките проблеми сè додека екипажот хибернира.

Студијата откри дека технологијата на хибернација може да им овозможи на дизајнерите на мисии да ја намалат масата на вселенските летала за една третина, бидејќи екипажот, доколку хибернира, нема да има потреба од дополнителен простор, а исто така нема да има потреба од простор за потрошни предмети и храна.
Важно е да се напомене дека во моментов нема достапна докажана технологија што може да ги стави луѓето во состојба на хибернација. Како и да е, ова не значи дека во иднина овој концепт е надвор од рамките на можностите.

– Основната идеја да ги ставите астронаутите во хибернација со долго траење, всушност, не е толку луда: широко компарабилен метод е тестиран и применет како терапија кај пациенти со траума на критична нега и оние што се подложени на поголеми операции повеќе од две децении. Повеќето главни медицински центри имаат протоколи за поттикнување хипотермија кај пациенти за да го намалат нивниот метаболизам во основа да добијат време, задржувајќи ги телата на пациентите во подобра форма отколку што би биле пред тоа. Наша цел е да го разградуваме овој концепт во иднина, со истражување на мозочните патеки што се активираат или блокираат при иницирање на хибернација, започнувајќи со животни, а продолжуваме со луѓето – вели Џенифер Енго Ан од тимот „Сис спејс“.