Новите технологии овозможуваат развивање на индустријата за видеоигри и можност за создавање подобро искуство при играњето видеоигри. Конзоли од новата генерација на кои можат да се играат игри од 4К-резолуција, ССД-хард дискови и Е7-процесори со 14 јадра за супербрзи компјутери, виртуелна реалност, аугментирана реалност се главните ИТ-работи, кои ја обележаа 2018 година. Со почетокот на новата година почнува и пристапот кон новите видеоигри на пазарот на оваа индустрија. Со развивањето нови технологии и унапредување на веќе постојните, може да се замисли што може да се очекува во 2019 година. Сепак, новата година само што почна и има мал број игри, кои се чекаат веќе долго време и се очекуваат да се појават во 2019 година. Затоа е добро да се направи ревизија на најдобрите игри што ја обележаа 2018 година.

Играта „Фортнајт“ за групно играње и трендот на „батл ројал“ со сигурност може да се каже дека беа главна тема во 2018 година, кога станува збор за видеоигрите. Иако голем дел од вниманието на гејмерите беше посветено на оваа игра, сепак имаше и многу други игри што пристигнаа и им го окупираа вниманието на љубителите на игри.


„Фортнајт“

Технички, беше лансирана пред повеќе од една година, но 2018-та несомнено беше годината на играта „Фортнајт“, откако ја претстави „батл ројал“ (натпреварувачки турнир каде што последната личност што ќе преживее, победува).
Комбинирајќи елементи на градење, слично како во играта „Мајнкрафт“, стана мејнстрим-игра што постигна голема популарност, а само неколку видеоигри можат да постигнат толкава популарност. Со вклучување на можноста за играње одреден танц во играта и воведување Метеорот Мај во сезоната 4, играта продолжи да привлекува нови играчи и ветерани играчи, бидејќи дотогаш не било можно да се танцува.

(Бесплатна за играње но со купувања во играта, оценета е со Т, за тинејџери на возраст од 13 години па нагоре, за „Персонални компјутери“, „Плејстејшн 4“, „Иксбокс еден“ и мобилни уреди)

„Ред дед ридемпшн 2“

Оваа истражувачка игра од отворен свет направена од креаторите на игри на ГТА, им овозможува на играчите да ограбат, измамат и да украдат работи во Дивиот Запад како дел од банда отпадници. Исто така, можат да ловат животни, да ловат риба, да играат покер, но и да гонат други луѓе за кои има потерница. А штом еднаш ќе ги завршат сите мисии на играта, има опција „ред дед онлајн“ преку која играта им дава бесплатен пристап за да можат да ја играат со други луѓе.

(Чини 60 долари, оценета е со Т, за тинејџери на возраст од 17 години па нагоре, за „ПС 4“ и „Иксбокс уан“)

„Марвелс Спајдермен“

По серијата видеоигри „Бетмен Аркам“, немаше видеигра што подобро го прикажува животот на еден суперхерој. Најновиот обид на „Инсомниак гејмс“ се одликува со искусниот Питер Паркер, кој го балансира неговиот личен живот со неговата одговорност како херој на соседството во Њујорк. Гејмерите ќе се сретнат со непријатели како што се Докторот Октопус и Кингпин, кои вообичаено прават локални злосторства низ цел Њујорк. Скокање од зграда на зграда, пуштање пајажина и високоинтеркативен систем на борба се само дел од акцијата што ја нуди оваа игра. Но изненадувачка е функцијата со режим на фотографирање, каде што играчите можат да се фотографираат во одредена акција и да ги доловат своите авантури со неверојатни детали.

(Чини 40 долари, оценета е со Т, за тинејџери на возраст од 13 години па нагоре, за „ПС 4“)

„Год оф вoр“

Борбеното божеството Кратос со нов и постар изглед, нови оружја и нов додаток на семејството, синот Атреус во најновата игра од категоријата акција-авантура од серијата игри „Год оф вoр“. Новиот агол за играње на видеоиграта го дава Кратос во поголема верзија од претходно. Кратос има волшебна секира, која при фрлање се враќа, како магичниот чекан на Тор. Некои од долгогодишните обожаватели на оваа серија беа незадоволни, затоа што во најновиот дел целосно е сменет пристапот за играње. Сепак, играчите брзо се привикнаа и ги научија новите борбени тактики за елиминирање на големите непријатели. Различно од претходните делови во играта сега е вклучен синот Атреус, кој има лак и стрела и е корисен придружник. И приказната меѓу него и Кратос носи уште еден драматичен елемент, подлабока приказна и емоција во самата игра.

(Чини 39,99 долари, оценета е со Т, за тинејџери на возраст од 17 години па нагоре, за „ПС 4“)

„Монстер Хунтер: Ворлд“

Оваа игра беше попопуларна во источните земји, но франшизата на „Монстер Хунтер“ конечно доби комерцијални и критички признанија од Западот, благодарение на најновата во серијата видеоигри, „Монстер Хунтер: Ворлд“. Видеоиграта со високо ниво на акција, играње одредена улога и собирање група од други играчи за да се убијат гигантски чудовишта дава огромно задоволство. Привлечниот наратив што го дава играта, користењето различни тактики во зависност од дадената задача, подобрата изработката на оружја и непречената групна онлајн-поддршка и одличната графика се некои од работите што ги привлекоа гејмерите да ја играат оваа игра.

(Чини 30 долари, оценета е со Т, за тинејџери на возраст од 13 години па нагоре, за ПК, „ПС 4“ и „Иксбокс уан“)