Не останува многу време до претставувањето на новиот Ајфон, а новите гласини откриваат една интересна потенцијална карактеристика.
Познатиот аналитичар Минг-Чи Куо тврди дека Ајфон 13 ќе овозможи сателитски разговори. Тој изјави дека мобилните телефони ќе можат директно да се поврзат со сателитите во ниската орбита на Земјата (ЛЕО), благодарение на модифицираниот чип Х60 на „Квалком“.

Сателитите ЛЕО веројатно се најпознати како ’рбетот на интернет-мрежата Старлинк, која се потпира на сателитите во пониската орбита за да ја покрие Земјата со интернет.

Меѓутоа, „Старлинк“ не е единствената компанија што користи вакви сателити за поврзување. Компаниите „Хјузнет“ и „Ванвеб“, исто така, ги здружија силите за да понудат конкуренција на Старлинк, а „Инмарсат“ најави нова констелација дизајнирана да се поврзе со копнените 5Г-мрежи за „поглобално“ решение.
Уште поважна за оваа гласина за Ајфон е компанијата „Глобалстар“, која доби значајна вредност на почетокот на оваа година, кога „Квалком“ објави дека претстојниот чип Х65 ќе ја поддржува технологијата бенд н53 на „Глобалстар“.
Како ќе влијае на батеријата новата функција, останува да видиме.