Нуклеарниот резерват на Америка ќе биде управуван од суперкомпјутер што е помоќен од најдобрите 100 суперкомпјутери комбинирани заедно

Нуклеарните резерви на Соединетите Американски Држави ќе бидат управувани од суперкомпјутерот „Ел капитан“, кој ќе чини 600 милиони американски долари. Овој суперкомпјутер ќе биде помоќен од најдобрите 100 суперкомпјутери во светот комбинирани заедно. Да не се помеша верзијата „Ел капитан“ на „Ејпл“ на оперативен систем „Мек“, кој претставува макрокомпјутер, суперкомпјутерот за нуклеарните резерви ќе го гради американскиот производител на суперкомпјутери „Креј“, кој го објави договорот со Министерството за енергетика (МЕ) и Националната управа за нуклеарна безбедност на Америка (НУНБ).

– „Ел капитан“ ќе им овозможи на нашите научници и инженери да ги добијат одговорите на критичните прашања во врска со нуклеарните резерви побрзо и поточно од кога било досега. Со подобрување на ефикасноста и продуктивноста и со подобрување на способноста ќе ги достигнеме нашите цели за национална безбедност – изјави за „Бизнис-инсајдер“ директорот на „Лоренс ливермор националната лабораторија“, Бил Голдстајн.

Една од работите на „Ел капитан“ ќе биде да моделира 3Д-симулации за тоа како старее нуклеарно оружје, за кое истражувачите немаат податоци и немаат спроведено нуклеарни тестови, се вели во соопштението на „Креј“.
– Напредните можности за моделирање на симулација и вештачка интелигенција на „Ел капитан“ ќе помогнат да се поттикне конкурентската предност на Америка во енергетиката и националната безбедност, ќе ни овозможат да поставиме построги прашања, да решаваме поголеми предизвици и да развиеме подобри решенија за наредните генерации – вели за „Бизнис-инсајдер“ американскиот секретар за енергетика Рик Пери.

Лиза Е. Гордон-Хајерти, потсекретарот за нуклеарна безбедност и администратор на ННСА, во изјавите вели дека НУНБ ги модернизира своите системи за да се соочи со заканите од 21 век. „Ел капитан“ ќе претставува компјутер од „екскејл“ класа, што значи дека може да прави над квинтилион пресметки во секунда. Квинтилион има 18 нули. Поточно, „Ел капитан“ може да пресмета 1,5 квинтилион пресметки во секундата, што е еднакво на 1,5 егзахерци. За споредба, висококласните компјутерски процесори може да пресметаат пет милијарди пресметки во секунда, или пет гигахерци во секунда. Една милијарда има само девет нули во споредба со 18-те во квинтилион.

„Ел капитан“ ќе биде третиот суперкомпјутер на егзаскална класата на суперкомпјутери на МЕ. „Ел капитан“ ќе им се придружи на системите „Аурора“ од националната лабораторија „Агорона“ и на системите „Фронтиер“ на Националната лабораторија на Оук Риџ. Овие системи исто така се изградени од „Креј“. Се очекува „Ел капитан“ да биде доставен до МЕ и НУНБ во 2022 година.