Вашите миленичиња, исто така, можат да имаат корист од вештачката интелигенција

Во 2019 година, од вашиот телефон до микробрановата скоро секој уред може да биде „паметен“. Од оваа причина почесто се развива вештачката интелигенција или попозната како АИ, која се инкорпорира во секојдневните уреди. Текот и развитокот на технологијата се насочува кон областа наречена интернет на нештата или „Иот“. Според неа, сите домаќински апарати, автомобили и скоро сите уреди што му се потребни на човекот се поврзуваат со мобилни или други видови уреди со апликации. Целта е да се направи една поврзана мрежа, која ќе управува со нештата преку едноставно допирање на паметниот телефон или одреден уред. Доколку може да се направи ова со домашните апарати или автомобили, зошто да не би можело да се направи и со играчките и чиниите на вашите миленици? Излегува дека и вашето куче или мачка можат да го уживаат истиот поврзан животен стил како и вие.

Тие можат да бидат големи или мали, црни или бели. Тие можат да бидат дебели или слаби, мачки или кучиња. Тие можат да бидат тивки и достоинствени или весели и неуредни. Тие можат да бидат активни играчи или придружници во вашата осаменост. Луѓето што поседуваат милениче би кажале дека не може да живеат без нив. Таа љубов што ја чувствуваат овозможува да направат сѐ што можат за да ги одржат среќни и здрави нивните миленици. Напредувањето и примената на модерната технологија исто така им помага на животните да водат подолг, поздрав и побезбеден живот.

Истовремено овој процес им го подобрува искуството на сопствениците на миленичињата со нивните миленичиња. Во последниве години, пазарот за домашни миленичиња се зголемува со голема брзина. Не само што може да се најдат АИ-играчки за вашето куче или мачка, исто така може да се најдат паметни кревети што ја следат нивната тежина, па дури и паметни чинии што гарантираат дека јадат соодветно количество храна. Ќе наброиме паметни уреди што можат да ги задржат вашите миленици поврзани во 21 век.

„Муки“
„Муки“ е сад хранилка што е дизајнирана за хранење различни домашни миленици користејќи ја волта-технологијата за вештачка интелигенција. Садот има проѕирен панел што ја покрива храната и е опремен со камера направена од систем за визуелно препознавање што ги препознава индивидуалните миленици. Тоа значи дека уредот „муки“ ги следи милениците во областа и реагира на миленици што ги препознава. Ако некој миленик се приближи, кога е доволно блиску, панелот се отвора само доколку тој миленик е регистриран во неговата база. Изумителите на уредот велат дека сите крадци на храна ќе бидат принудени да се повлечат од оваа чинија со погон на вештачка интелигенција, која го контролира пристапот до храната.

„Петрик смарт пет бед“
„Петрик смарт пет бед“ е кревет што има вграден клима-уред и скала за мерење на тежината. Овој уред е опремен со клима-уред, кој може да се контролира индивидуално преку комплементарна апликација на мобилниот телефон. По потреба корисниците можат да го загреваат или да го ладат перничето. Исто така преку апликацијата можат да се наместат стандардни нагодувања за температурата, кои уредот ги прави преку вчитување на географската локација, типот на расата и поединечните барања за милениците. „Петрик смарт пет бед“ е опремен со скала за следење на флуктуациите на телесната тежина кај милениците и на таков начин се има подобар увид во нивното здравје. „Петрик смарт пет бед“ се очекува да се појави на пазарот подоцна оваа година.

„Петкјуб плеј 2“ и „петкјуб бајтс 2“
„Петкјуб“ нуди два вида паметни камери: еден за кучиња и еден за мачки. Последната генерација на двете се интегрирани во виртуелниот асистент Алекса од Амазон. Целта на овие уреди е да ги следат и да ги забавуваат вашите миленици додека вие не сте дома. Покрај тоа што можете далечински да си играте со вашата мачка преку вградена ласерска играчка или да дисперзирате закуски, исто така ќе можете да му пуштите музика на вашиот миленик. И „петкјуб плеј 2“ и „петкјуб бајтс 2“ се достапни за 199 долари.