Техно – Гугл хром наскоро добива нова опција

662

Неодамна беше претставен Еџ, новиот пребарувач на „Мајкрософт“, кој претходно беше инсталиран на оперативниот систем Виндоус 10. Ова е проект на Хром, кој исто така го поддржува и Гугл хром.
За подобрување на функционалноста на пребарувачот Еџ, „Мајкрософт“ го додаде новиот код, кој ќе им овозможи на корисниците да пренесуваат група од повеќе јазичиња од еден прозорец во друг.

Мајкрософт Еџ има функција каде што можете да кликнете со десното копче на едно јазиче за да го копирате во нов прозорец. Тоа е корисен начин за групирање на јазичињата.
Корисниците на пребарувачот на Гугл хром мораат или да ги копираат и да ги залепат интернет-адресите на јазичињата што сакаат да ги „преместат“, или да ги влечат поединечно, пренесува „Дејли експрес“.

Ниту тоа не е тешко, но е потребно многу повеќе време отколку едноставно да ги дуплирате. На Гугл очигледно веднаш му се допадна ваквиот код, поради што го ископира на својот пребарувач и за брзо време ќе биде достапен за корисниците на Гугл хром низ целиот свет.