Во тренд се едноделни костими за капење

Нега и убавина

Оваа сезона костимите за капење во поглед на дизајнот ги надминаа сите очекувања. Доколку трагате по нешто поедноставно, нема да го пронајдете. Актуелни се нагласени детали, како панделки, карнери, ремени… Посебно
се издвојуваат едноделните костими со необична форма. Иако се во еден дел, тие го откриваат стомакот и перфектно ја оцртуваат силуетата.
Што се однесува до изборот на бои и дезени, тука речиси нема правила. Дозволено е сѐ, освен предвидливост. Сами треба да одлучите дали подобро ви прилегаат риги или цветни дезени. Геометриските мотиви исто така се хит, но и еднобојните костими се во мода ова лето, дополнети со детали. Сѐ на сѐ, плажите претставуваат вистинска модна писта, а самите треба да го пронајдете своето место на неа.