Нега и убавина

Ново-стариот тренд во шминкањето повторни ги маѓепса дамите. Светликавите капаци од 1990-тите повторно се во тренд. Откако мат-нијансите беа популарни во последните неколку сезони, сега е време за сјај околу очите. Најубаво прилегаат розови, сини и виолетови светликави тонови, но, се разбира, изборот е ваш.
Холивудската ѕвезда Хали Бери ги одушеви сите на Ем-ти-ви мјузик авардс во својот виолетов фустан, со соодветни чевли и чанта во иста нијанса, но и со шминка усогласена со нежната виолетова нијанса.
Прочитајте неколку совети како да го постигнете вистинскиот ефект.
Пред да ја ставите светликавата сенка, нанесете на капакот обична сенка како подлога.

За почетниците можеби најдобри се светликавите моливи, за кои не е потребна посебна вештина за да го нагласите просторот околу очите. Има и креми и гелови со светки, кои се ставаат со четкичка. Поголема вештина е потребна кај светликава сенка во прав.
И не заборавајте: овие сенки не се за секоја пригода. Повеќето стручњаци препорачуваат да ги користите исклучиво навечер, за венчавки и други свечености.