Нега и убавина

Убавиот темен тен во лето бавно и тешко се добива, особено ако се трудите да се криете од штетните сончеви зраци и да се мачкате со заштитни кремови со висок фактор. Поради тоа, целта е, кога еднаш ќе поцрните, бојата да ја одржите колку што може подолго.
Ви предлагаме четири начини како темниот тен бавно да бледнее.
1. Избегнување шампони за туширање и миење на косата што содржат јаки хемиски средства. Читајте ги декларациите и изберете гел што е поблаг и содржи повеќе природни состојки, а истовремено е нежен за кожата. Освен тоа, пожелно е да се капете со млака вода и да избегнувате студена и многу топла вода.
2. Не тријте ја кожата со крпа агресивно по капењето, туку натапкајте ја со фротирот, а потоа ставете бебешко масло и оставете ја сосема да се исуши и да го впие маслото.
3. Пијте доста течности, бидејќи и хидратацијата на организмот игра битна улога кога станува збор за одржувањето на темниот тен.
4. Јадете повеќе портокалова и зелена храна, која содржи каротеноиди: кајсии, јаболка, праски, морков, домати и пиперки.