Ова е еден од најефективните домашни пилинзи од само четири состојки за безбедно да ја изложите кожата на сонце.
Рецепт за подготовка: Ставете 200 грама шеќер во кутија со капак или тегла, што може да биде и кутија од веќе користен крем. Во шеќерот додадете лажичка мед, четири лажички маслиново масло и сок од половина исцеден лимон. Измешајте сè добро и пилингот е подготвен. Ако смесата е премногу сува, додадете повеќе маслиново масло.
Ако ја изложувате кожата на сонце, не ставајте сок од лимон во овој домашен пилинг затоа што создава пигментациски точки на кожата. Ако вашата кожа е многу чувствителна, можете да го замените шеќерот со сол, бидејќи зрната сол се многу помали и помалку груби за кожата.