Нега и убавина

Поради големото количество вода, лубеницата е идеално овошје за топлото лето, а нејзините својства се корисни за целиот организам, но и за убав и свеж тен. Нејзината кора е исто така полна со придобивки. Може да се користи како третман за освежување на лицето.
Исечете ја кората од лубеницата на помали коцки и ставете ги во блендер за да добиете паста. Истурете ја пастата во сад за мраз или во некои слични калапи, па ставете ја во замрзнувач да се замрзне. Извадете ги коцките и со нив нежно масирајте го пределот на лицето и на вратот. Повторувајте ја постапката секој ден и за седум дена вашата кожа ќе биде видливо посветла и поубава.
Оваа постапка е навистина едноставна. Коцките мраз се одлични за кожата. Тие го одржуваат вашето лице да изгледа свежо и подмладено, а исто така може да помогнат при појава на акни, болни мозолчиња, црвенило и иритација на кожата. Коцките мраз се одлични за одржување на младоста. Тие може да помогнат за спречување предвремено стареење и брчки.