Медицински совет

Најдобар начин да го подобрите здравјето на вашиот мозок е да поминувате неколку минути секој ден правејќи вежби со клекнување или други вежби за нозе со оптоварување. Иако не постои брз пат до подобро здравје или полесно движење, стручњаците велат дека можеме паметно да ги избираме вежбите и да ги практикуваме оние за кои не треба многу опрема и време, но ветуваат одлични резултати. Иако физичките предности на вежбањето се познати, не треба да го занемариме нивното значење за поттикнување на работата на нашиот мозок.

Д-р Мајкл Мосли неодамна на Би-би-си, на поткастот „Само едно нешто“, објасни дека се обидува секој ден да има некаков вид кардио-тренинг за здравјето на срцето и белите дробови. Меѓу вежбите се и склекови, но и оние со клекнување, кои ги подобруваат функциите на мозокот.

– Според едно ново истражување, кондициските тренинзи во траење од десетина минути ги подобруваат нашата меморија и концентрација. Вежбите со клекнување се најдобар начин за подобрување на функцијата на мозокот – вели Мајкл Мосли.
Се препорачува вежбите да се прават наутро, веднаш по станувањето од кревет.
Во студијата објавена во списанието „Граници во невронауката“ се вели дека тие испраќаат невролошки сигнали од витално значење за создавање нови, здрави мозочни клетки. Тие, пак, можат да ги подобрат нашето критичко размислување и вкупната когнитивна функција.