Медицински совет

Четкичката за заби најверојатно е предмет што најмногу го користиме во одржувањето на личната хигиена. Поради тоа, важно е да се знае кога треба да се замени со нова. Редовното менување на четкичката е од голема важност, а се препорачува тоа да се прави на секои три месеци. Судејќи според истражувањата, по 90 дена таа ја губи својата ефикасност. Иако можеби не е очигледно, влакната на четкичката во тој период се искористени и оштетени, а со самото тоа штетни за забната глеѓ, зашто не го отстрануваат доволно плакот што доведува до создавање кариес и болести на непцата.
Исто така, на четкичката за три месеци се натрупуваат бактерии што вообичаено побрзо се создаваат во затворен простор со вишок влага, каде што и ги чуваме.
За да ја смените четкичката, според стручњаците, не треба да чекате доколку сте биле болни, со што ќе го спречите контактот на старите бактерии со усната празнина. Обрнете внимание и на тоа никој друг освен вас да не ја користи четкичката.
Освен обичната, важно е да се напомене дека се менуваат и електричните четкички, кои не бараат некој посебен третман.
Главите на електричната четкичка треба да се менуваат исто така на секои три месеци, а може и порано, во зависност од видливите оштетувања на нејзините влакна.