Без оглед каде патувате, секогаш треба да носите мини-аптека, во која ќе се најдат лекови и прибор за акутни состојби, за евентуални хронични болести, како и средства за лична хигиена.
Ако сте под терапија, погрижете се пред патувањето да набавите доволно количество лекови и друг потребен прибор. По можност, лековите носете ги во оригиналните кутии, во кои се наоѓаат и упатствата за употреба.
Со себе треба да земете и антисептици, аналгетици, антихистаминици, антипиретици, ентеросептици, како и фластери, во случај на исеченица, а добро е да понесете и завој за прва помош.
Постарите лица под терапија треба прецизно да ги спакуваат лековите, за да имаат за секој ден. Исто така, потребно е да се земат средства против дијареја, како и против ентеросептија, против стафилокока, кои се чести во летниот период, бидејќи се наоѓаат во млечните производи и во мајонезот.
Потребно е да се спакуваат и кремови за сончање, за возрасни најмалку со фактор 30, а за деца од 30 до 50.