Забите се мијат пред првото кафе

За сите љубители на кафето, утринските ритуали се нешто посебно. Но неопходно е да се мисли и на здравјето на забите, па затоа да ја расчистиме дилемата дали тие се мијат пред или по првата шолја на омилената напивка.
Стоматолозите советуваат забите да се измијат пред самото пиење на кафето.
– Миењето на забите пред да го испиете првото кафе ги отстранува наслагите и го спречуваме создавањето дамки. Доколку забите ви се чисти, помала е можноста на нив да се одрази штетното влијание на кафето – вели Кристина Мајнерс, докторка по стоматолошки науки.
Таа тврди дека со миењето на забите по првото кафе, ние втриваме киселост во нив, а тоа ги прави уште почувствителни.
– Ако тоа ви се случува одвреме-навреме, нема место за паника. Но доколку постојано го правите тоа, ќе ја истрошите забната глеѓ – вели д-р Сиама Мухамад.
Доколку ви изгледа незамисливо да не ги измиете забите по првото кафе, стоматолозите советуваат да почекате половина час.
– Плунката ќе ја неутрализира киселоста во устата, а усната половина за половина час ќе се врати во нормала. Можете да џвакате и гума без шеќер, за да го стимулирате создавањето плунка, која е природен заштитен фактор на секоја усна празнина – велат стоматолозите.