Хидратацијата е важна за зголемување на нивото на нашата енергија, ги подобрува физичките можности и ја намалува главоболката. Луѓето во текот на летото се потат, а дехидрацијата може да доведе до низок крвниот притисок. Поради тоа за време на летните горештини треба задолжително да се пијат поголеми количества вода. Знаците за дехидрација се: главоболка, сува уста и очи, тврда столица и висококонцентрирана урина. Секогаш со себе носете шише со вода и ставете го на работната маса, визуелно да ве потсетува дека треба да пиете. Секој човек дневно треба да пие по осум чаши вода, приближно два литри. Во текот на летните месеци тоа количество зголемете го на 2,5 литри. И не заборавајте, водата е вашиот најдобар сојузник во процесот на хидратација. Се разбира, секогаш можете да јадете и овошје, а имајте предвид дека шеќерот и кофеинот дехидрираат.

Лицата што пијат диуретици и оние што страдаат од срцеви заоблувања или болести на бубрезите имаат поголем ризик од дехидрација во текот на летните месеци. Но хидратацијата не преставува само пиење вода, туку и баланс меѓу водата и солта во организмот. Премногу вода може да доведе до ниско нивно на натриум во крвта.