На почетокот нема ни да го забележите убодот, бидејќи комарецот ја парализира кожата пред да ја боцне. Меѓутоа, неколку минути подоцна се прави џумка, која е црвена и чеша, а по неколку дена се претвора во темно место што личи на модринка. Дали сте привлечни за комарците зависи од производството на млечна киселина во организмот, а друг важен фактор е крвната група. Така, луѓето со група 0 се повеќе на удар на комарците.
Мраз или студена облога: преку местото на убодот ставете студена крпа за да го намалите отокот. Ако ставате мраз, не треба да стои повеќе до 5 минути на кожата.
Паста од сода бикарбона: направете паста со една лажица сода бикарбона и половина лажица вода, за да се намалат отокот и чешањето. Облогата нека стои 10 минути, па исплакнете го местото.
Мед: една мала капка може да го намали воспалението.
Алое вера: се сече едно парче од билката на половина и на убодот се става внатрешниот дел. Се остава да стои додека се исуши. Ако треба, постапката се повторува неколкупати.