Ловот на дивата свиња секако дека не е едноставен процес. Ова диво животно многу брзо го насетува ловџијата и токму затоа тој мора да заземе положба во ловиштето што ќе го штити од него со помош на дрвја и разни грмушки. Сепак, најзначајно е тој за застане во правец со ветeрот. Во спротивно, животното ќе ја насети опасноста и брзо ќе побегне.

Ловџијата при ловот на дива свиња не треба директно да ги гази потенцијалните патеки на дивата свиња, па дури и да носи некои специјални чизми.
Во пресрет на денот кога ќе сака да лови диви свињи, пожелно е ловџијата да ја прегледа целата територија, особено нивните патеки, оти тие животни сѐ уште се скитници.

Се разбира, некои поединци живеат во глутници, но старите мажјаци го сакаат и почистиот простор. Една од посебните особини на професионалниот ловџија е токму способноста да ги „чита“ патеките на дивите свињи.

На пример, ако ловџијата забележи во близината дрво на кое дивата свиња се триела и со тоа до некаде и го оштетила, тогаш тој мора да посвети внимание на големината на тоа оштетување. Ако тоа место на дрвото е поголемо, тогаш се работи за поголема дива свиња.

Ловџијата, исто така, не треба да заборави дека дивите свињи сакаат места што се во близина на мочуришни подрачја, во трските, во близина на густите грмушки и во шумите. Општо земено, нивни омилени јадењa се пченката, леќата, зобот, просото.