Многумина кога ќе слушнат за оваа необична случка, сигурно во прв момент нема да поверуваат во нејзината веродостојност, односно ќе помислат дека се работи за некоја најнова измислена занимлива ловџиска приказна. Но затоа, пак, кога ќе ја погледнат оваа фотографијава (а има и видеоснимка), како несоборлив доказ, сигурно дека брзо ќе го сменат првобитното мислење.

Во француското гратче Вернеуил сур Индре, на покривот на една гаража е снимен еден залутан елен како гордо ги набљудува градот и околната средина. Се претпоставува дека еленот скокнал од соседниот двор. Акцијата на спасување на еленот траела дури три часа. На крајот сѐ добро се завршило, а еленот бил вратен во блиската шума. Ете, и тоа се случува!