Рускиот ловџија Петар Максимов (36) во близината на руското село Шокуров на Урал, во 2015 година, направил вистински подвиг застрелувајќи вепар тежок 535 килограми и висок 1,7 метар, што во тоа време, како што наведуваат руските медиуми, претставувало нов Гинисов рекорд. Ловџијата Максимов е и соосновач на ловната фарма „Андреев“. Последниот голем вепар, кој пред тоа влегол во Гинисовата книга на рекорди, бил познат под името Хогзила, а го застрелал Џет Веб, во САД, во 2004 година, и имал „само“ 400 кг.