Риболовот со мрежа постоел пред 29.000 години!

154

Присуството на јаглеродот C14 на рибарските мрежи откриени во областа Јеонсеон ја помести историјата на риболовот со помош на мрежа за 19.000 години

Археолозите во една јужнокорејска пештера откриле траги што наведуваат дека рибарските мрежи биле користени за риболов уште пред 29.000 години, всушност многу порано отколку што се мислело.

– Присуството на јаглеродот C14 на рибарските мрежи откриени во областа Јеонсеон ја помести историјата на риболовот со помош на мрежа за 19.000 години – вели Хан Чанг-гијун, директор на музејот на универзитетот „Јонсеј“.

Археолозите во реонот Фукуи (Јапонија), како и во градот Чионг (Јужна Кореја), го утврдиле и видот на т.н. тегови, кои ги нашле на овие стари мрежи или, поточно, камења наменети за потопување на рибарските мрежи во водата.
Според директорот на музејот, овие откритија датираат од пред околу 10.000 години.
– Ова откритие го наведува фактот дека луѓето многу одамна ловеле риби мошне активно за да преживеат. Теговите од варовникот, тешки помеѓу 14 и 52 грама, на растојание од 37 до 56 милиметри, веројатно биле користени за лов на мали риби во плитките реки – појаснува Чанг-гијун.

Пред ова откритие, во пештерата Маедун најстарото рибарско орудие биле јадиците, кои датираат пред 23.000 години, а откриени на еден остров на југот на Јапонија.
Инаку, познато е дека кај нас е забрането ловење риби со разни видови мрежи без дозвола за стопански риболов или, пак, со други риболовни средства забранети за вршење риболов, како и со огнено оружје, експлозиви или хемиски и други средства со кои се повредуваат, убиваат, трујат или зашеметуваат рибите.