Во рамките на третиот „Европскиот филмски предизвик“ се реализира филмско доживување на брегот на Охридско Езеро со европски филмови, во рамките на 4-то издание на „Бич филм фестивал“. На настанот, учесниците требаше за 10 недели да изгледаат 10 европски филмови на легална платформа. За време на предизвикот за сите љубители на европските филмови следуваше богата содржина со филмски критики, интервјуа, поткасти и, секако, препораки за кои филмови носат екстра поени до победата.
Во рамките на предизвикот се овозможи прекрасно летно доживување за вистинските филмофили на годинашното издание на „Бич филм фестивал“ што се одржа во Охрид. Во рамките на официјалната селекција беа вклучени 14 краткометражни и пет долгометражни филмови.
„Европскиот филмски предизвик“ е иновативна дигитална платформа што ја поврзува најголемата заедница на љубители на европскиот филм и ја промовира европската кинематографија. Во Македонија проектот го имплементира центарот за социјални иновации „Блинк 42 – 21“, заедно со европски партнери во девет држави преку поддршка на програмата на МЕДИА – Креативна Европа и Европската филмска индустрија.