Скулптура на македонската уметница Елпида Хаџи-Василева е поставена во галеријата на отворено „Тирск хол скалпчр гарден“ во северен Јоркшир, која се наоѓа во околината на објект од 18 век. Првпат оваа градина на скулптури е отворена во 2021 година, а по истекот на зимскиот период е реотворена месецов.
Во галеријата е изложено новото дело на Хаџи-Василева, со наслов „Витае“, кое изгледа совршено во несекојдневниот амбиент.
Елпида Хаџи Василева е афирмирана уметница, чие потекло е од градот Кавадарци, а авторката се стекнала со високо и специјализирано образование во областа на уметноста на Кралскиот колеџ во Лондон, Англија. По завршувањето на едукативниот процес, Хаџи-Василева останала да живее и твори во Англија, но нејзината активност и ангажираност се сестрани, т.е има изградено богата излагачка биографија, со многубројни успешни и реномирани проекти и во Велика Британија и во Македонија, а секако и во други културни центри низ Европа и светот. Одлуката на комисијата за избор на македонски претставник беше едногласна, имајќи го предвид богатото искуство на Хаџи-Василева, а секако и мошне систематичниот предложен проект за Венеција.