Во периодот од 25 до 30 март во Скопје ќе се одржи интернационалниот фестивал „Полихимниа“. Во рамките на фестивалот ќе се одржи интернационален натпревар, како и музички работилници и семинари. Отворањето на фестивалот ќе биде проследен со концерт, додека, пак, свечено ќе биде затворен со концертен настап на најдобрите натпреварувачи, кои исто така ќе бидат и парично наградени.

Меѓународниот фестивал на „Полихимниа“ е манифестација што традиционално се одржува петта година по ред во втората половина од март низ концертните сали во главниот град. Учествуваат ученици и студенти од Република Македонија и од соседните земји, но и учесници од европските земји.

Првиот меѓународен фестивал „Полихимниа“ се одржа во 2016 година во КИЦ во Скопје, а програмата беше збогатена со учество на камерното дуо од Хрватска, Јелена Тихомировиќ и Метод Сирониќ.
Како што посочуваат организаторите, овој фестивал се збогатува секоја наредна година со бројот на учесници, но и по квалитетните музички содржини што ги нуди. Меѓународниот фестивал „Полихимниа“ го оправдува својот префикс „меѓународен“, а културните сцени во главниот град стануваат поле на музички идеи, емоции и збогатување на музичкиот културен живот во земјата.