Годинава Хонгконг ја одбележи 32-годишнината од протестот на плоштадот „Тинанмен“ поинаку од вообичаеното. Минатата година, првпат од обединувањето во 1997 година, Пекинг го забрани годишното бдение. Овој потег, кој се карактеризира како важен дел од безбедносниот закон усвоен од Кина минатата недела, ги намами жителите на Хонгконг на улица и предизвика судири со полицијата. И покрај забраната, демонстрантите се собраа на годишно бдеење со свеќи, потег што доведе до солзавец и апсења.
Новиот закон за национална безбедност, кој ги криминализира „странските мешања, тероризмот, сецесионистичките активности и противењето на државната власт“, доаѓа како одговор на протестите за демократија, кои доминираа во Хонгконг од пролетта 2019 година до затворањето поради здравствената криза. Потегот на Пекинг со новиот закон е насочен кон укинување на слободата на Хонгконг.
Експертите велат дека овој закон засекогаш ќе го промени статусот на градот како центар на културата. Многу американски компании што работат во Хонгконг се загрижени за импликациите. Додека компаниите поврзани со уметничкиот пазар главно молчат, некои се плашат од најлошиот исход.
– Мислам дека ова е крај на Хонгконг. Крајот нема да се случи веднаш се разбира, но за десет години Хонгконг ќе биде само уште еден кинески град, а не голема меѓународна метропола како што беше – вели извор што има деловни конекции во Хонгконг.

Загриженоста е двојна. Прво, постои страв дека новиот закон ќе резултира со широка цензура, како и самоцензура – што ќе го направи Хонгконг многу помалку одржлив центар на предизвикувачка уметност. Второ, се поставува прашањето што ќе се случи со специјалните меѓународни трговски врски, кои дозволија регионот да цвета со децении како глобално седиште на финансиите и трговијата. И прашањето за судбината на даноците за увоз и извоз во сегашната бесцаринска зона е посебно.
– Ги следевме внимателно вестите за новиот закон во Хонгконг, се консултиравме со експерти во регионот за подобро да разбереме дали и како тоа ќе влијае на уметноста, пазарот на уметност, а особено на нашите галерии – изјави портпаролката на „Арт Базел“, додавајќи дека сѐ уште е невозможно да се предвиди исходот.
Самсон Јанг, уметник од Хонгконг, не е оптимист:
– Најзагрижувачкиот аспект на новиот закон е тоа што тој експлицитно се обидува да создаде нови полициски инструменти што ќе ги заобиколат стандардните проверки и рамнотежа, за да ги спроведе законите што се толку обемни што нивната покриеност е потенцијално бесконечна. Главната работа што нѐ држи подалеку од проблемот ќе бидат „благодатта и совеста“ на државата. За уметниците, писателите и кустосите што не можат и не сакаат да престанат да творат, вредноста на нивната работа само се зголеми нагоре – вели тој.

Долгоочекуваниот музеј за визуелна култура, кој треба да се отвори следната година во културниот округ Западна Колоун, одби да коментира за влијанието на новиот закон, но ја нагласи важноста на слободата на говорот за да ја продолжи улогата на Хонгконг на светската сцена
– Градот може да биде глобален центар на културата само ако нуди гостопримлива средина за уметност, што одразува широк спектар на перспективи и погледи – рече портпаролката на музејот.
Агентот Бен Браун, кој ја отвори првата галерија во зградата на Педер пред десет години (една од првите меѓународни галерии што се проширија во Хонгконг), вели дека нема да се откаже од Хонгконг, иако тој самиот се подготвува за големи промени.
Браун неодамна беше во преговори за пониска цена за изнајмување и за поголем простор, во Вонг Чук Ханд, галериски центар оддалечен десет минути од центарот на градот. Иако повеќето дела што ги изложува немаат политичка заднина, тој сепак е загрижен.
– По дефиниција, мислам дека ќе има одредена сума на цензура и самоцензура во Кина. Цензурата со која се соочуваме во Кина е истата цензура со која ќе треба да се соочиме во Хонгконг, која претходно не постоеше – вели Бен.
Тука е и прашањето за даноците. Една од причините зошто Хонгконг стана центар на уметничкиот пазар во Азија, привлекувајќи огромен дел од западните галерии, како и „Арт Базел“, е тоа што е многу поевтино да се купува и продава уметност.
Хонгконг не само што нема данок за увоз на уметнички дела туку нема данок на имот, подароци, недвижен имот или капитални добивки. Односите што ги разви со други земји, исто така, беа од корист за Хонгконг. На пример, САД немаат ограничувања за размена на валута, дури и додаваат тарифа за стоките што се тргуваат со Хонгконг. Тоа е голема причина зошто, од 1991 до 2018 година, вкупната вредност на продажбата на уметнички дела на аукциските куќи скокна од 11 милиони долари на над 1,4 милијарда долари.
Но сето ова може да се промени поради новиот закон.