Вечерва во 20 часот, во „Менада“, во Скопје ќе се одржи четвртото издание на литературно-музичката манифестација „Креативни точки“. Предвиден е настап на млади, но веќе афирмирани автори, прозаисти и поети. Организатор е Центарот за култура и културолошки студии, со учество на женскиот хор „Менада“ од Тетово.
На манифестацијата ќе биде промовиран и зборникот „Креативни точки“, со дела од учесниците на претходните три манифестации. Промотори се Ермис Лафазановски и Александар Прокопиев, а издавач е книгоиздателството „МИ-АН“.